фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Официјално: Калиниќ нов кошаркар на Барселона

Српскиот кошаркарски репрезентативец од денеска и официјално е нов кошаркар на Барселона, потврди шпанскиот тим.

Калиниќ потпиша двегодишен договор, а платата ќе му изнесува 1,3 милиони евра по сезона.

Српскиот репрезентативец минатата сезона беше најдобар играч на Црвена звезда, тој беше прогласен за МВП на АБА лигата во која „црвено-белите“ ја одбранија титулата. Калиниќ минатата сезона имаше просек од 11,4 поени, 3,5 скока и 3,3 асистенции по натпревар.

Калиниќ на крајот на сезоната ја искористи опцијата да излезе од договорот во Црвена звезда. Барселона веднаш го повика играчот, но поранешниот клуб на Калиниќ, Валенија имаше право да ја израмни понудата на Барселона и тоа го стори.

Валенсија ја израмни понудата на Барселона од 300.000 евра, по што двата шпански тима најдоа заеднички јазик за трансферот. Барселона се согласи да плати 500.000 евра отштета, од кои 100.000 ќе и припаднат на Црвена звезда.

Пред Калиниќ, Барселона ги ангажира и Томаш Саторански, Јан Весели и Оскар да Силва.

Калиниќ кариерата ја започна во Спартак Суботица, а потоа играше во Нови Сад, Војводина, Крагуевац Раднички, од каде првпат дојде во Црвена звезда. Потоа замина во Фенербахче со кого триумфира во Евролигата во 2017 година. Потоа играше и за Валенсија, а минатото лето се врати во Црвена Звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот