Официјална Москва ги коментираше преговорите со Украина, Зеленски бара итен пристап на Украина во ЕУ и НАТО

фото принтсркин твитер

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека главната цел на руската армија во Украина е безбедноста на цивилното население.

– Армијата на Руската Федерација, , ќе направат се за да го остварат ова –изјави Песков.

Песков рече дека помошникот на претседателот Владимир Путин Медински ги има сите квалитети да води преговори со Украина.

Како што рече Песков, Кремљ на разговорите нема да ги соопшти позициите на делегациите на Руската Федерација и Украина.

Предлагам да ги почекаме преговорите, не би соопштувал никакви барани позиции и така натаму, на крајот на краиштата, тие преговори да се одвиваат, во тишина, за очите на јавноста – рече Песков.
Се уште не се познати барањата на руската делегација.

Од друга страна позицијата на Украина е веќе соопштена . Таа побара итен прекин на огнот и положување на оружјето од Русија. Покрај тоа, едно од главните барања на Зеленски е итен пристап на Украина во ЕУ.

Украинската делегација утринава  со хеликоптер пристигна на местото на средбата на украинско-белоруската граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот