Одобрен првиот летечки автомобил во светот: Може да се нарача за 300.000 долари

Фото: Alef Aeronautics / Ferrari / Profimedia

Компанија од Калифорнија која изработува летечки електрични автомобили сега прима преднарачки.

Летечкиот автомобил на „Алеф Аеронаутикс“ (Alef Aeronautics) доби специјален сертификат за летање од (ФФА) Федералната авијациска администрација, што значи дека на компанијата ќе ѝ биде дозволено да го тестира автомобилот по пат/воздушен пат, се вели во соопштението на компанијата, пишува „Њујорк пост“.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Alef Aeronautics

Целосно електричното возило (со опција за водород за повисока цена) е возило со мала брзина што може да се вози до 320 километри на час на јавни патишта и може да се паркира во обична гаража. Возилото ќе може да се лансира вертикално во воздухот со опсег на летање од 177 километри, според веб-страницата на Алеф.

Автомобилот „Модел А“ на компанијата „може да лета напред, над сите препреки на патот, додека не ја постигне саканата дестинација“, велат од компанијата со седиште во Сан Матео.
Возачот и кабината се стабилизирани со уникатен дизајн на ротирачка кабина.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Alef Aeronautics

„Алеф“ ја промовира способноста на автомобилот да го избегнува сообраќајот, да лета во која било насока притоа давајќи „кинематички поглед од 180 степени за безбеден и пријатен лет“.

Клиентите можат однапред да го нарачаат возилото, во кое може да седат до две лица, а се очекува да чини околу 300.000 долари.

Од компанијата „Алеф“ првпат го претставија автомобилот минатиот октомври и изјавија дека веќе имааат добиено голем број на преднарачки од луѓе и бизниси.

„Возбудени сме што го добивме овој сертификат од ФАА“, изјави извршниот директор на „Алеф“, Џим Духовни, кој беше ко-основач на компанијата во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот