Одложено судењето за „Титаник 1“ зашто Едмонд Темелко заминал на операција во Турција

Основниот кривичен суд Скопје извести дека судските расправи за предметот „Титаник 1“, закажани за в среда и в петок се одложени поради тоа што едниот од обвинетите, поранешен градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко заминал на операција во Турција. Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 28. февруари.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека термините за главната расправа за предметот со КОК бр. 59/22 од обвинителството означен како „Титаник 1“ насрочени за 15-ти и 17-ти февруари 2023 година се отповикуваат со оглeд да до судот е доставено известување дека обвинетиот Едмонд Темелко заминал на операција во Турција. Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 28-ми февруари 2023 година во десет часот – соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

„Титаник“ е првиот случај за кој своевремено, на почетокот на 2016 година, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори истрага. Се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и 2014 и локалните избори 2013 година. По поднесувањето на обвинението, првото рочиште беше закажано во април 2018 година, а по укинувањето на СЈО, предметот го презема редовното обвинителство.

Во предметот вкупно беа обвинети 21 лице, на чело со тогашниот премиер Никола Груевски, а признавањето вина од осумтемина следуваше откако за тоа се отвори можност со оглед дека судскиот процес започна од почеток. За дел од обвинетите беа изречени условни и затворски казни, за некои настапи застарување, а против некои се уште се води постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот