ОДИХР: Не е важен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и тие по изборите

Шефот на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР за локалните избори во земјава Матео Мекачи денеска изјави дека набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите и истакна дека не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси, како и процесите по самиот ден на изборите.

Мекачи кој денеска беше на избирачкото место во Основното училиште „Лирија“, во општина Чаир истакна дека Мисијата се состои од 250 меѓународни набљудувачи, кои набљудуваат на територијата на целата држава.

-Ние сме овде како меѓународна набљудувачка мисија да го набљудуваме изборниот процес и да оцениме дали е сè согласно стандардите. Ова гласачко место што го гледате зад нас е едно од многуте што ги набљудуваме. Нашата мисија се состои од околу 250 меѓународни набљудувачи, кои набљудуваат на територијата на целата Република Северна Македонија, рече тој.

Мекачи додаде дека Мисијата е воспоставена уште многу пред денот на изборите, со распоредување на 24 долгорочни набљудувачи на територијата на целата држава, кои што го набљудуваат целокупниот процес.

-И како што рековме не е важен само изборниот ден, туку битни се и предизборните процеси, како и процесите по самиот ден на изборите. Секако ги следиме сите аспекти, кои се поврзани со самите избори, тука може да ги споменеме регистрацијата на гласачи, самата кампања, финансирањето на кампања, пристапот до медиуми, гласањето на самиот ден на изборите, пребројување на гласовите итн., рече Мекачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот