Одбраната на Зеќири вели дека од парите за кои се товари не е одбиен данокот

Фото: МИА

Паричните средства што се ставаат на товар на Мухамед Зеќири се во далеку помала вредност што првично беа изнесени, вели адвокатот Александар Трајковски. Според одбраната на Зеќири, разликата меѓу првата сума и сега е околу 13 милиони денари.

Паричните средства се далеку помалку од причини што во првичните изјави беше изјавувано дека е целата сум таа, меѓутоа, денеска се утврди дека дел во од сумата е пресметан персонален данок и данок на додадена вредност. Исто така, се утврди дека вредноста што е исплатена и трудот што е вложен од страна на ревизорските куќи кои ги работеле двата предмети соодветствува со реалната цена и вредноста за што е исплатена сумата, рече Трајковски во врска со процесот против поранешниот генерален секретар на Владата.

Во однос на прашањето поврзано со сведочењето на Сведокот Петко Димитров, управител на компанијата „Прајс Вотерхаус Куперс“ кој сведочеше за начинот на склучување трипартитниот договор со Владата и компаниите „Интерфајнанс“ од Хрватска и „Интерхолдинг“ ДОО Скопје, за тоа дали договорите биле склучени надвор од постапката за јавни набавки, адвокатот одговори дека тоа е правно прашање кое, како што рече „ќе го образложуваме во текот на постапката, тоа не се однесува на економскиот дел“.

На денешното рочиште, покрај Димитров, сведочеше и вештото лице од економија, Киро Костов, кој зборуваше за начинот, намената и износите на плаќањата опфатени во договорот.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ.

Судењето продолжува на 27 април со изведување на докази од страна на одбраната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот