Одбојкарскиот реперезентативец Ѓорѓиев следната сезона ќе игра во Полска

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Ѓорги Ѓоргиев во наредната сезона ќе настапува во силниот полски шампионат. Ѓорѓиев потпиша едногодишен договор со екипата на Алурон Вирту Завиерче.

До прекинот на сезоната во полскиот шампионат поради пандемијата на коронавирусот, Алурон Вирту беше десеттопласиран на табелата.

– Слушнав многу добри работи за клубот, за неговата организација, за амбициите. Сакав да играм во полската лига, една од најсилните во светот. Овде има одлични навивачи и високи стандарди. Сакав да го почувствувам тоа – рече Ѓорѓиев на промоцијата .

Ǵorǵi Ǵorǵiew Jurajskim Rycerzem!

? Reprezentant Macedonii Północnej, półfinalista Pucharu Challenge sprzed dwóch lat, Ǵorǵi Ǵorǵiew, nowym rozgrywającym Jurajskich Rycerzy! ⚔️

Publiée par Aluron Virtu CMC Zawiercie sur Mercredi 20 mai 2020

Ѓорѓи Ѓорѓиев е стандарден македонски репрезентативец и минатата година беше дел од репрезентацијата која настапи на Европското првенство во Словенија.

Помладиот од браќата Ѓоргиеви минатата сезона настапуваше во француското првенство и тоа за екипата на Парис Волеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот