Одбојкарките на Работнички ја одбранија титулата во Купот на Македонија

Како и во машка конкуренција каде што титулата повторно ја освои Струмица Никоб, така и во женска конкуренција одбојкарите на Работнички ја одбранија титула.
Одбојкаркоте на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула со триумф над Наковски волеј со 3:1 (23:25, 25:18, 30:28, 25:16) во финалето на турнирот во Радовиш.
На крилјата на публиката струмичкиот клуб го доби првиот сет, но актуелните првенки направија пресврт и на крајот му се израдуваа на пехарот притоа недозволувајќи Наковски волеј да се реваншира за поразот во финалето пред две години.
Стојанова освои 17 поени, Баталаковска имаше 16, исто колку и Ѓурѓевиќ. Кај Наковски најефикасна беше Љиља Ковачевиќ со 13 поени, Хаџи-Тосева заработи 11, а Милева 8, но тоа не беше доволно струмичанки да ја освојат првата сениорска круна.
Струмица и шести пат во низа го освои одбојкарскиот Куп на Македонија