Струмица и шести пат во низа го освои одбојкарскиот Куп на Македонија

Фото: ОФМ

Oдбојкарите на Струмица Никоб денес лесно славеа против Борец со 3:0 и го освоија Купот на Македонија.

Актуелниот шампион на Македонија доминираше во куп финалето одиграно во Радовиш и не дозволија противникот да освои ниту еден сет. Најубедливи струмичани беа во првиот сет кој го добија со 27:7, во вториот беше 25:23, а во третиот 25:18.

Владо Малев го предводеше својот тим со 12 поени, еден помалку запиша Хараба, додека Алексов го заврши мечот со седум. На спротивната страна Волков стигна до 14 освоени поени, а Костиќ 12.

За Струмица ова беше вкупно деветти трофеј во купот, а шести по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот