Одбојкарите без Милков и Стошиќ на двомечот против Романија – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Одбојкарите без Милков и Стошиќ на двомечот против Романија

Одбојкарската репрезентација на Македонија ги финишира подготовките во Маврово по што ќе започне со контролни натпревари пред настапот на ЕП.

Повеќенеделните подготовки на одбојкарската репрезентација на Македонија е во завршна фаза и во наредниот период ќе се бруси формата пред дебитантскиот настап на Европското првенство. Втората фаза од подготовките ја одработија 15 одбојкари, а селекторот Никола Матијашевиќ не можеше да смета само на Марко Јуниор Стошиќ кого сè уште го мачи повредата на стомачните мускули.

На двомечот со Романија со што ќе започне и третата фаза од подготовките за настапот на ЕП, селекторот матијашевиќ нема да смета и на Александар Милков кој се приклучи подоцна на репрезентацијата и сè уште не е на физички потребното ниво. Затоа пак сигурно ќе настапат Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Маџунков и капитенот Никола Ѓорѓиев кој во Маврово тренираше со намален интензитет.

По двомечот со Романија, одбојкарите ќе се вратат во Скопје каде што од 23. до 25. овој месец ќе одиграат два натпревара и ќе имаат еден заеднички тренинг со репрезентацијата на Шведска, а на 30.и на 31. ќе се тестираат на традиционалниот турнир „Чајка“ на којшто ќе учестуваат Белгија, Бугарија и Украина. Потоа следува уште еден двомеч, но на гостински терен во Австрија како последна проверка пред Европското првенство.

На ЕП кое ќе се игра од 12 до 29 септември, Македонија е во група со Финска, Турција, Русија, Белорусија и домаќинот Словенија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close