Постариот брат го бакнува помладиот, покрај ковчегот на нивниот татко, Јанко Сириќ, еден од единаесеттемина македонски војници кои загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на Катланово, на 12 јануари 2008 година / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI
Одбележување 15 години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце
С.С.
Пред
На спомен-обележјето кај Катлановско Блаце денеска ќе се одбележат петнаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ.
На спомен-обележјето во Катлановско Блаце, цвеќе ќе положи делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата составена од министерката за одбрана, Славјанка Петровска заменикот министер за одбрана, Башким Хасани и директорот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески. Цвеќе ќе положат и делегации од Кабинетот на претседателот, општина Петровец, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.
Припадниците на воздухопловниот ВИНГ претходно, ќе го одбележат настанот со полагање свежо цвеќе и на спомен-обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Поминаа речиси две недели откако на градилиште во Капиштец, поточно на улицата „Христо Смирненски“, имаше опасно свлекување на земјиштето поради кое се оштети дел од тротоарот, водоводната и канализациската мрежа, но според извештајот од експертите од Градежниот факултет, нема опасност за оштетување или уривање на околните објекти, која беше најопасната можна последица од овој немил …
Истражувањето на Институтот за демократија за „влијанието на емоциите во политиката“, спроведено врз основа на 120.000 објави и коментари на платформата „Икс“ (поранешен „Твитер“), покажува дека непријателски настроената комуникација е постојано присутна во онлајн просторот во Македонија. Дури 98 отсто од коментарите насочени кон политичарите содржеле елементи на омраза, додека 82 отсто содржеле индикатори на …