Одбележан Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби: Сите попречености не се видливи

Трети декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите што ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби.

„Биотек лабораторија“ со огромно задоволство и чест беше дел од настанот во општинското основно училиште „Невена Георгиева Дуња“ од општина Кисела Вода, во чест на стартување на сензорната соба, која беше дел од донацијата на „Биотек лабораторија“. „Биотек лабораторија“ за децата со попреченост и за вработените во училиштето, обезбеди бесплатни ПЦР-тестови за ковид-19, а за потребите на учениците, донираше и неколку преносни и десктоп-компјутери.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, кој се одржа под мотото: „Не сите попречености се видливи“, го збогатија и учениците. Тие преку глума, се ставија на местото на нивните другарчиња, кои имаат различни попречености, и покажаа како може да му се помогне на лице со попреченост/инвалидност, а за таа цел, се одржа и кратка презентација.

На крајот на настанот, беше пуштена песна на знаковен јазик, изведена од ученички од училиштето.

(комерцијален текст)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот