ОД ЅВЕЗДА ДО БЕЗДОМНИЧКА: Порно-актерка живее во тунелите под ГРАДОТ НА ГРЕВОТ

актерка порно
Принтскрин

Актерката Џени Ли (37) чие вистинско име е Стефани Садора, некогаш беше успешна актерка во својата индустрија, но сега е бездомничка која живее од милостина во тунелите на Лас Вегас.

Последниот филм го снимила во 2016, но оттогаш нејзиниот живот се сменил целосно. На нејзе налетале холандски новинари кои правеле прилог за бездомниците во Лас Вегас.

„Некогаш бев позната и секси. И ден-денес се наоѓам на листите на најуспешни порно-актерки“, изјавила таа.

Принтскрин

Сепак, како што самата им кажала, не е несреќна поради судбината што на снашла. Всушност, смета дека со бездомниците има подлабок и поискрен однос отколку со луѓето кои биле околу неа кога била најславна. По игра на судбината, останала без својот дом и парите, но не открила повеќе детали.

Нејзиниот профил на Порнхаб и денеска има повеќе од 45 илјади претплатници. Со манекенство почнала да се занимава на 19-годишна возраст, а имала само 21 година кога го снимила првиот филм за возрасни.

Во Лас Вегас, во тунелите под градот, живеат стотици бездомници. Вкупната должина на овие тунели е над 300 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот