Jack Zhang: Фото: Flickr

Од тинејџер кој работел 16 часа дневно, до глобален финансиски иноватор

Џек Занг, коосновач и извршен директор на Airwallex, изгради една од најбрзо растечките фирми во светот, вредна околу 8 милијарди долари денес, со повеќе од 1 милијарда долари годишен периодичен приход (ARR). Компанијата работи глобално и обезбедува прекугранични плаќања, трансфери на девизи и услуги за финансиска инфраструктура за илјадници бизниси низ целиот свет.

Роден во Кингдао, Кина, Zhang, се преселил сам во Австралија на 15-годишна возраст за образование. Набргу потоа, финансиската состојба на неговото семејство се распаднала и тој бил принуден сам да го финансира својот живот и образование. Работел 16 часа на ден во фабрики, ресторани и бензински пумпи. Тој период, како што подоцна истакна, ја обликувал неговата исклучителна работна дисциплина, отпорност и подготвеност за преземање ризици. Во своите дваесетти години, тој започнал неколку споредни бизниси и ги заработил своите први милиони, но и покрај неговиот финансиски успех, чувствувал дека му недостасува поголем предизвик. Пресвртот дошол кога неговата кафетерија во Мелбурн се соочила со проблеми со меѓународните плаќања кон добавувачите- пишува Каматица.

Бавните трансфери, високите провизии и нетранспарентните девизни курсеви го насочиле кон системски проблем во глобалните финансии – инфраструктурата за меѓународни плаќања била застарена и неефикасна. Заедно со група пријатели, тој ја основал Airwallex во 2015 година со амбиција фундаментално да ги модернизира прекуграничните плаќања и да овозможи побрзи, поевтини и потранспарентни трансакции. Наместо да се потпира на традиционалните банкарски мрежи, компанијата градела сопствена технолошка инфраструктура.

Уште во 2018 година, ирско-американскиот гигант Stripe понудил да го купи Airwallex за 1,2 милијарди долари. Иако понудата била огромен успех за младата компанија, основачите ја одбиле, верувајќи дека можат да изградат многу поголема глобална приказна. Следните години донесоа сериозни предизвици – компанијата се соочи со загуби од измами, регулаторен притисок и остар пад на приходите за време на пандемијата на ковид, кога глобалната трговија речиси застана.

Сепак, благодарение на реструктуирањето, проширувањето на нови пазари и растот на е-трговијата, Airwallex успеа да се опорави и дополнително да ја зајакне својата позиција на глобалниот финтех пазар. Денес, Џек Занг, се смета за еден од најуспешните претприемачи од својата генерација во Азиско-пацифичкиот регион, а неговата приказна често се наведува како пример за упорност, визија и подготвеност да се отфрли брзата добивка за долгорочен раст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот