Од Роналдињо до Златан: 10 фудбалски легенди кои успеа да ги ангажира Лапорта!
Одамна Барселона не изгледала вака лошо, како на теренот, така и надвор од него. Цехот поради лошите резултати, но и поради очајната финансиска состојба ја плати Жозеп Марија Бартомеу, кој мораше да ја напушти претседателската функција.
На неодамна одржаните избори на кои гласаше и Лионел Меси, победи поранешниот шеф на клубот Жоан Лапорта кој во минатото со голем успех ја водеше екипата.
Токму под негово водство беше доминантна сила во европскиот и светски фудбал во претходните две децении.
Лапорта изјави дека во случај на победа на кој било друг кандидат, Меси сигурно би го напуштил клубот, а сега смета дека Аргентинецот има доверба во него поради претходните резултати што ги постигнал на чело на клубот.
Спасителот на Барселона подготвува удар на Реал и Перез, им краде две засилувања
Додека беше претседател на Барселона, тој скоро и да не погреши во трансфер политиката, а списокот на играчи што ги донесе во Каталонија е импресивен – од Роналдињо до Златан!
Таа листа од 10 фудбалски легенди изгледа вака: Роналдињо, Самуел Ето`o, Деко, Тјери Анри, Давид Виља, Јаја Туре, Дани Алвеш, Жерар Пике, Рафаел Маркез и Златан Ибрахимовиќ.