29 C
Скопје

Барселона има нов претседател, Меси останува на „Камп Ноу“?

Сагата во Барселона конечно заврши, Хосеп Марија Бартомеу кој минатото лето влезе во вербална војна на зборори со Лионел Меси и за малку ќе го избркаше Аргентинецот од клубот, доби наследник на претседателската функција.

Нов претседател на Барселона е човекот кој веќе го предводеше каталонскиот тим (2003-2010) и под негово водство се остварени најдобрите резултати во клупската историја, Жоан Лапорта.
Според првичните информации кои пристигнуваат од Барселона, Лапорта освоил 58 проценти од гласовите, втор е Виктор Фонт со 33 проценти освоени гласови, а трет е човекот на Бартомеу, Тони Фреикс со освоени девет проценти од гласовите.


Гласачките места беа затворени во 21 часот, и оттогаш се бројат гласовите, но веќе почнаа неофицијално да излегуваат бројките кои покажуваат дека Лапорта е победник.


Со победата на Лапорта, се поизвесно е дека Лионел Меси ќе остане на „Камп Ноу“ и по завршување на сезоната. Имено, на Аргентинецот во јуни му истекува договорот, но тој не сакаше да преговара со ниту еден заинтересиран клуб, туку го чекаше исходот од претседателските избори во Барселона.


Лапорта денеска по гласањето изјави дека доколку биде избран за претседател на каталонскиот тим, првата работа што ќе ја направи е да разговара со Хорхе Меси, таткото и агентот на Лионел за потпишување на нов договор.
Исто така Лапорта го очекува и тешка задача во консолидирање на финансиската ситуација на клубот бидејќи долговите изнесуваат повеќе од милијарда евра.

Доколку победи на изборите Лапорта го знае првиот потег: Уште вечерва ќе разговарам со Меси

 

Поврзани вести

Фудбалерките во Холандија може да играат за аматерски машки екипи

Слободен печат

„Марка“: Пандев е лидерот, Македонија како „Пепелашка“ на Европското првенство

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ лут кон главниот судија, уште колку сакаш да се игра?

Слободен печат

Спортските натпревари и понатаму ќе се организираат без присуство на публика

Слободен печат

Братска љубов: Шалке и Вардар заедно испаднаа, заедно посилни ќе се вратат!

Слободен печат

Ѓоковиќ брутално искрен: Доаѓаат промени, младите ќе ме симнат од тронот

Слободен печат

Остави Коментар