17 C
Скопје

Спасителот на Барселона подготвува удар на Реал и Перез, им краде две засилувања

Фановите на каталонскиот тим од новиот претседател Жоан Лапорта очекуваат да ја извлече Барселона од големите проблеми и да биде спасител како што тоа го направи пред 18 години.

Барселона од вчера има нов претседател, Жоан Лапорта, кој во вториот обид успеа да се врати на челната позиција на каталонскиот тим. Пред шест години Лапорта загуби на претседателските избори од Хосеп Марија Бартомеу, но вчера освои 54 проценти од гласовите и ја врати насмевката но и вербата кај навивачите дека ќе успее повторно да го извади клубот од калта.

EPA-EFE/MARTA PEREZ

Како и пред 18 години кога Лапорта за прв пат стана претседател, Барселона се наоѓаше во тешка ситуација иако многумина сметаат дека сега е во уште потешка позиција. Лапорта победи поради ветувањето дека ќе го донесе Дејвид Бекам, не го исполни ветувањето но повлече далеку подобар потег.
Бекам заврши во Реал Мадрид, но на „Камп Ноу“ пристигна Роналдињо кого Лапорта успеа да му го украде на сер Алекс Фергусон и тоа во моментите кога сите мислеа оти Бразилецот не со едната, туку со двете нозе стапна на „Олд трафорд“.
Сите светски медиуми тогаш објавија дека Роналдињо ќе биде новата ѕвезда на Јунајтед, но итриот Каталонец успеа да ја искористи кавгата меѓу Фергусон и агентот на Бразилецот поради провизијата и да ги сврти работите во своја корист. Фергусон не сакаше да Роналдињо и неговиот брат да им ја даде бараната провизија, додека Лапорта им ги исполни желбите и преку ноќ Бразилецот од „Олд Трафорд“ го донесе на „Камп Ноу“.

Прочитајте и...  Еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија е во тешка финансиска ситуација
EPA PHOTO/EFE/Albert Olive

Тој потег се покажа како историски, беше пресвртница за Барселона бидејќи Роналдињо ја смени историјата на клубот. Во кратко време Барселона од голем губитник благодарение на Роналдињо стана голем победник.
– Роналдињо е најдобриот фудбалер и најголем талент кој сум го видел. Тој ја смени историјата на Барселона. Да не дојдеше во 2003 година, кој знае што би било со Барселона – зборуваше во 2012 година, голманот Виктор Валдес.

Вториот голем чекор на Лапорта беше ангажирањето на тогаш младиот и неискусен тренер Франк Рајкард. Со Рајкард на клупата и Роналдињо на теренот, Барселона во 2006 година триумфира во Лигата на шампионите и со тоа каталонскиот тим се врати во елитата на европскиот фудбал.
За време на првиот мандат на Лапорта, Барселона освои уште една титула во ЛШ, но и четири во Ла Лига, а ја оживеа и славната фудбалска академија Ла Масија.
Но, тоа беше светлата страна на првиот мандат на Лапорта, додека темната се долговите кои ги остави како и обвиненијата за корупција. Иако успеа да се извлече од обвиненијата, Лапорта загуби на претседателските избори во 2015 година, кога беше победен од Хосеп Марија Бартомеу.

Прочитајте и...  Данил Медведев позитивен на корона, не игра во Монте Карло
EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Сега кога победи на вчерашните избори, повторно се наоѓа во речиси идентична ситуација, Барселона одново е во огромни проблеми, и во очите на навивачите токму Лапорта е спасителот иако ќе има потешкотии да најде пари.
Поради пандемијата на коронавирусот, банките не се премногу дарежливи за кредити кога станува збор за фудбалските екипи, а посебно на Барселона чиј долг изнесува повеќе од милијарда евра. Блиските соработници на Лапорта, се убедени дека тој ќе се сврти кон богатите шеици, наводно има одлични односи со сопствениците на ПСЖ и на Манчестер сити и тоа ќе го искористи за да донесе нови спонзори во Барселона.
Неговиот адут во кампањата беше дека ќе успее да го натера Лионел Меси да потпише нов договор ова лето, но и поради неколку бомбастични најави со кои му фрли ракавица во лице на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Првата е дека ќе успее на „Камп Ноу“ да го донесе Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд за кого сериозен интерес пројавува и Реал Мадрид.
Адутот на Лапорта е агентот на Халанд, Мино Рајола со кого е во одлични односи. Лапорта се надева дека Рајола ќе изврши притисок над Халанд да потпише со Барселона, а парите за трансферот би биле обезбеди со продажба на фудбалери како Фелипе Кутињо, Осман Дембеле но и Антоан Гризман.
Вториот фудбалер кој Лапорта ќе се обиде да му го „украде“ на Перез е Давид Алаба кого речиси сите го гледаат како нов играч на Реал Мадрид.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Отказ за судијата кој не го призна голот на Роналдо против Србија!

Адутот на Лапорта е идентичен како и во случајот со Халанд, претседателот на Барселона има во одлични односи со Пини Захави, агентот на Алаба. Тие двајца дури имаат и заедничка компанија регистрирана на Кипар, а дека постои голема можност Алаба на крајот од сезоната да се пресели на „Камп Ноу“ пишува и весникот „Ас“ кој е близок до Реал Мадрид. Имено, „Ас“ објави дека пред една недела, Лапорта имал средба со Захани и по тој состанок, се појавија информации трансферот на Алаба во Реал Мадрид е далеку од реализација.

Освен тоа, Лапорта на лето ќе се обиде да донесе уште четворица фудбалери и за тоа нема да потроши ниту едно евро. На списокот на желби на Лапорта се наоѓаат Ерик Гарсија кој веќе има усен договор, Серхио Агуеро, Џорџино Вајналдум и Мемфис Депај.

Поврзани вести

ВИДЕО: Отказ за судијата кој не го призна голот на Роналдо против Србија!

Слободен печат

Блажевска Еминова со норма за учество на Европското и Светското младинско првенство во пливање

Слободен печат

ВИДЕО I Денот кога мамбата се одјави и го одигра последниот натпревар во НБА

Слободен печат

Федерер се откажа од Мастерсот во Рим

Слободен печат

Реал и Манчестер јунајтед на лето ќе се тепаат за српски репрезентативец

Слободен печат

Барселона е највреден клуб на светот, а должи милијарда евра

Слободен печат

Остави Коментар