Празни шини Македонска железница / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Од крајот на јуни ќе стартува возот од Прилеп за Битола, билетот ќе чини 150 денари

Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска, одговарајќи на новинарско прашање, го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според него, воведувањето на железничката линија е резултат на потребата од алтернативен и побрз превоз во периодот кога се реализира изградбата на автопатот Прилеп-Битола.

Имајќи предвид дека се гради автопатот Прилеп-Битола и дека се користи стариот пат, сметавме дека е добро да се воспостави еден меѓуградски воз. Интензивно работиме со двете железнички претпријатија за да се подготви инфраструктурата и особено патните премини и да се обезбедат возови со соодветна фреквенција. Можам да најавам дека на крајот на јуни, почетокот на јули, како што веќе ветивме, ќе биде воспоставена линијата помеѓу Прилеп и Битола, изјави министерот.

Првите километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови следната пролет, тврди Николоски

Тој посочи дека возот ќе сообраќа во термини кои најмногу ќе им одговараат на граѓаните, а цената на билетот ќе биде симболична.

Ќе има меѓуградски воз помеѓу двата града во соодветни термини кои што најмногу ќе одговараат на граѓаните. Ќе биде тоа една симболична цена од 150 денари, за да можат што повеќе граѓани да го користат, рече Николоски.

Министерот најави и скоро почнување на карго железничкиот сообраќај кон Прилеп и Битола, нагласувајќи дека веќе постои сериозен интерес од компании за користење на железничкиот транспорт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот