Од коронавирусот почина најмладата медицинска сестра во Македонија

Унијата на ЗМСТАС информира за прерано згаснатиот живот на досега најмладата медицинска сестра – жртва на коронавирусот.

Станува збор за 40-годишната сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од Геронтолошкиот завод „13-ти Ноември“ во Скопје, која беше голем борец и хуманитарец во и вон своите работни обврски, велат од извршниот одбор на Унијата.

-Сакаме да апелираме и да потенцираме дека вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности- соопштија од извршниот одбор на Унијата.

Унијата на ЗМСТАС велат дека сестра Ирена ќе ја паметат како некој кој несебично се давал во сите активности поврзани во нивната борба за сестринските права.

– Ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател. Изразуваме сочувство до семејството и најблиските. Нејзиниот погреб ќе се одржи утре, на денот на нејзиниот роденден. „Ангелите никогаш не умираат“, велат од Унијата на ЗМСТАС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот