Од извештајот на Стејт департментот се гледа дека ситуацијата во земјата се подобрува, вели Санела Шкријељ

Пратеничката на владејачкиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Санела Шкријељ, вечерва во емисијата „24 анализа“ се обиде да извлече позитивни наводи за власта во последниот извештај на американскиот Стејт департмент за земјава, во кој се забележува дека корупцијата е најголемиот проблем со кој се соочува Македонија.

Шкријељ вели дека во извештајот има реченица која ги забележува напорите на Владата да се идентификуваат и процесуираат корумпирани функционери во нејзините редови.

„Корупцијата е сѐ уште проблем, но сега има реченица која вели дека Владата работи на идентификување и процесирање на фунцкионери кои биле поврзани со корупција. Примерот дека имаме функционери од актуелното владејачко мнозинство, а се процесирани укажува дека Владата решила да се бори со корупцијата“ рече таа во емисијата на телевизијата „24“.

Пратеничката, наспроти впечатоците дека извештајот на Стејт департментот многу неповолно ја нотира корупцијата во земјава, вели дека ако се анализира реториката во документот, „се гледа дека ситуацијата во земјата се подобрува“.

„Ако се вратиме наназад, ќе видиме дека речениците беа дека Владата презема ограничени чекори за да идентификува и процесира случаи на високи функционери. До пред неколку години беше незамисливо функционери од тогашната владејачка гарнитура да одговараат“, рече Шкријељ.

Таа додаде дека овој извештај претставува патоказ, како и сите други извештаи на меѓународните партнери кои покажуваат до каде сме и каде имаме предизвици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот