Од Франција депортирани 120 албански државјани

French police stand guard next to a gate at Charles-de-Gaulle airport in Roissy near Paris July 8, 2011. A Hungarian airline stopped dozens of French activists heading for a pro-Palestinian "fly-in" in Israel from boarding a plane in Paris on Thursday. Some 600 people from around Europe, of which roughly 350 are from France, are trying to visit the city of Bethlehem at the invitation of a Palestinian group in an operation dubbed "Welcome to Palestine". REUTERS/Gonzalo Fuentes (FRANCE - Tags: TRANSPORT POLITICS)

На меѓународнот аеродром во Тирана вчера доброволно се вратени  120 албански државјани, баратели на азил во Франција, избегнувајќи можни казни што произлегуваат од непочитување на дозволата за престој на во шенген зоната.

Според началникот на полицискиот комесаријат на аеродромот, Прпарим Дема ова е една од најголемите операции за депортрање на доброволна основа, „што се смета за помошен елемент во спречувањето на неправилното движење во шенген зоната”.

Началникот Дема аупати апел до албанските граѓани да ги почитуваат правилата за движење.

– Апелирам до сите албански граѓани да не ја злоупотребуваат слободата на движење. Албанија е безбедна земја и како таква ја сметаат и земјите од ЕУ, поради што барањата за азил немаат никакви шанси да бидат одобрени, наведе Дема.

Во врска со можните последици за лицата кои ги кршат правилата за слободно движење во земјите на ЕУ, Дема нагласи дека „депортацијата од земјите на ЕУ е придружена со други дополнителни мерки, вклучително и неколкугодишна забрана за патување во шенген зоната”.

Пред три дена 100 албански граѓани и тоа од Франција (43), од Белгија (пет) и од Германија (52) беа депортирани бидејќи ги прекршиле правилата за престој во земјите на Унијата или барале азил. Неколку дена пред тоа со два чартер-лета беа депортрани 104 албански државјани од кои 15 од Франција, пет од Белгија и 84 од Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот