Од чекор во љубовта до модна писта: Машин Ган Кели со своја модна ревија кај Долче & Габана во Милано

машин ган кели долче габана
Фото: Принтскрин / Instagram

Љубовта е повторно во мода, и Машин Ган Кели е токму јавната личност која храбро ја врати и неуморно ја става на тапет. Во најновиот подвиг на музичкиот изведувач, и само денови откако ја запроси својата девојка од која не се разделува, Меган Фокс, тој ја преслика љубовта на модната писта кај Долче & Габана со модна ревија која беше целосно посветена токму нему!

Со спонтана магија и природна флуидност Машин Ган Кели комплетно го доминираше шоуто на машката линија за есен-зима 2022/23 на Долче & Габана, како дополнување на самиот факт дека овој бренд, кој е еден од убедливо најпознатите во светот, ја посвети нему како нивна базична инспирација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolce&Gabbana (@dolcegabbana)

Брендот, кој воедно е познат по романтичноста и топлината во блескаво навезените модни парчиња кои ги пласира, овој пат ја преслика емоцијата во современо префрлување на 90-тите, и преку совладувачки графити ги разниша бунтовноста на спрејовите и симболите со зборот „љубов“ кој и аудио и визуелно ги преплави следбениците.

Ревијата ја отвори токму Машин Ган Кели во бел костум со низа панк навртки долж ракавите, кои доволно симболично во неговиот случај потсетуваат на неговиот надимак, и откако ја исчекори пистата која беше полна со негови портрети и графити од неговото име, застана зад диџеј-миксетата продолжувајќи да ја микса песната „My Ex’s Best Friend“ која тој ја изведува со раперот „blackbear“ a ја пратеше целата ревија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by men’s uno HK (@mensunohk)

Замислен и точен, забавен и духовит, испирсан и елегантен, тој се вртеше на пистата и го шутираше микрофонот пред да го заземе своето место како музичар зад диџеј-миксетата или по завршувањето на своите манекенски активности.

Музичарот исчезна на кратко, но на половина од ревијата Машин Ган повторно се појави на дното на пистата, овој пат во триделен костум со ролка во разигран светкав принт, но и со неговата потпис гитара, изведувајќи ја песната во живо.

Неговото трето појавување ја затвори ревијата по стотината модели кои Долче & Габана ги прикажаа за претстојната зимска сезона. Во црн костум со дворедно закопчување со прободни светки спарен со предимензионирани светкави ракавици и комлетно светкави сребрени кратки чизми, Кели ја изоде пистата и застана на чело, пропуштајќи ја армијата D&G модели да го утврдат стилот кој ни претстои во машката мода. За време на враќањето од врвот на пистата МГК воопшто не се двоумеше да го соблече извонредно впечатливото сако МГК, и во тотален „рокстар вајб“ го подари на член од публиката во првиот ред, разоткривајќи мрежаста ролка која ги отцртува неговите бројни тетоважи, нанижана со светки во ист стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Esquire (@esquireczech)

И доколку наусницата која Анџелина Џоли ја испарадира на премиерата на „Eternals“ ги заинтригира фановите како моден детал, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека оваа нова „обетка“ е најтренди додаток откако Кели совршено ја спари со сите три аутфити на ревијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @theblondedon5

А доколку равијалната миланска мода од највисок ранг може така добро да се испреплете со панк, рок, олдскул и стритстајл стил, тогаш отворено можеме да кажеме дека Машинган Кели е новиот рокстар кој може да препуштиме влијателно да ја предводи новата ТикТок генерација – со стритстајл акцент на љубовта, и нов контрастен стил на рокенролот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @megansbitches_

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот