Од базените демнат опасни зарази: Eдна работа не смеете да ја прескокнете за да бидете целосно сигурни

базен
Фото: Pexels

Луѓето главно го прескокнуваат малиот базен кој се наоѓа пред големиот базен, а некои не се тушираат пред и по влегувањето во него, а тоа е најдобрата превенција.

Базените, каде што се собираат огромен број капачи во жешките летни денови, се расадници на вируси, бактерии, габички и други микроорганизми кои предизвикуваат непријатни, а често и опасни инфекции. За да се заштитите од кожни болести, цревни инфекции, воспаленија на очите или ушите, водете сметка
за хигиената и придржувајте се на правилата за однесување во јавните места за капење.

Истражувањата откриле дека од четири луѓе што се капат во базен, еден од нив ќе изврши мала нужда во базенот! Тоа не значи дека се работи само за секое петто лице, тука дека секој петти тоа сака да го признае. Ако правилно се одржува нивото на хлор и пХ вредност на водата, повеќето бактерии ќе бидат уништени.
Меѓутоа, повеќето базени не користат адекватно ниво на хлор, а исто така, и на пХ вредноста на водата.

базен
Фото: Profimedia

За ова можеме да го обвинуваме лошото одржување на базенот, но луѓето кои го користат базенот наместо тоалетот за да извршат нужда не помагаат за неговата чистота. Сѐ што ќе влезе во базенот од страна, ги троши средствата за дезинфекција, и го намалува квалитетот и исправноста на водата во базенот. Меѓу другото, пливачите признаваат дека пред влегување во базен не се тушираат, а познато е дека на секое тело се наоѓаат бактерии кои, ако лицето претходно не се тушира, се ослободуваат во самиот базен.

Oстанатите бактерии што ги носиме на кожата, особено потта и трагите од фекални материи, во базенот се мешаат. Ако средствата за дезинфекција не се доволни, бактериите ќе почнат да се множат во базените, и со случајно голтање на водата додека пливаме и нуркаме, најверојатно ќе внесеме сериозни и опасни бактерии како што се салмонела или ешерихија коли.

Атлетско стапало

Една од најчестите и упорни инфекции се нарекува атлетско стапало. Ја предизвикува кандида, габичка која брзо се шири и се размножува под дејство на влагата и топлината. Многу е отпорна и долго опстанува надвор од организмот на влажните плочки покрај базенот, под тушевите, на лежалките…

Инфекцијата се препознава по чешањето, црвенилото, испуканата кожа помеѓу ножните прсти, белузлавите лушпи и ситните плускавци на кожата, а лесно се пренесува на другите делови на стапалата, особено на ноктите. Инфицираните нокти се здебелени, имаат кафеави или бели дамки и непријатен мирис. Оваа инфекција долго се лекува.

За да се спречи појавата на атлетско стапало, неопходно е да поминете низ санитарна зона пред влегувањето во базен, да ги дезинфицирате и пластичните обувки што ги носите во текот на туширањето и во текот на одењето по просторот околу базенот и соблекувалната. Исто така, важно е да се истуширате пред да влезете во базенот и по излегувањето од него.

базен пливање
Фото: Profimedia

Дијареја

Во водата во базените има бактерии, па понекогаш доволно е да проголтате само малку загадена вода и да се заразите со салмонела или ешерихија коли, кои предизвикуваат дијареја, грчеви, силни болки во стомакот и многу висока температура. Поблагата форма на инфекцијата не бара посебен третман, бидејќи
проблемите поминуваат за ден-два ако одмарате и пиете многу течности.

Меѓутоа, ако високата температура и болките во стомакот траат подолго од два дена, а особено ако имате голем број течни столици, задолжително обратете се на лекар.

Вирусни брадавици

Ако одите боси на плочките на базенот, може да ви се формираат рани на табаните, идеални места за продирање на вирусот. Брадавиците најчесто се предизвикани од хумано-папилома вирусот, кој долго опстанува надвор. Инкубацијата трае до шест месеци, така што кај повеќето пациенти првите израстоци се појавуваат во текот на есента и зимата.

Брадавиците ретко се повлекуваат сами од себе и затоа е неопходно да се обратите кај дерматолог кој ќе го препорача најдобриот метод за нивно отстранување.

базен

Инфекции на кожата

Од кожните инфекции најчесто во летниот период се јавува интертригиозен дерматит на препоните, под пазувите и под градите заради зголемно потење и триење на кожните површини. Предизвикан е од габички од родот на кандида.

Водата во базените е хлорирана толку многу така што тешко можат да се добијат инфекции во текот на самото пливање, иако, сепак, постојат некои микроорганизми отпорни на хлор и тие можат да претставуваат проблем. Она на што најмногу треба да обрнете внимание се соблекувалните, тоалетите и туш- кабините, бидејќи тука микроорганизмите најчесто се задржуваат.

Вагинални инфекции

Габичката кандида е нормален жител на дебелото црево и под влијание на влагата и топлината брзо се размножува. На тоа особено влијае седењето на плочките на базенот, влажната крпа, седењето во влажен костим за капење и несоодветната хигиена.

Симптомите на инфекција вклучуваат пецкање и чешање во пределот на гениталиите, како и густ белузлав исцедок со непријатен мирис. На базенот може да закачите и бактериска инфекција која најчесто е
предизвикана од кламидија, микроплазма и уреаплазма, но и вирусен херпес или хумано-папилома вирус, кој предизвикува кондиломи. Иако овие инфекции се пренесуваат претежно по сексуален пат, може да се добијат и преку влажна крпа. За да се заштитите, не користете туѓи крпи.

базен

Уринарни инфекции

Ако сте подложни на уринарни инфекции, потребно е вечерта пред одењето на базен да испиеете две таблети уроантисептик. Сиптомите се зачестено и болно уринирање, мала количина урина, болка и чувство на неиспразнетост на бешиката. За жените е многу важно по капењето да го променат костимот за
капење, бидејќи влажниот материјал е идеален за развој на бројни инфекции, како и да не се седи на мокри крпи, и да се пијат многу течности.

Коњуктивитис

Една од најчестите летни инфекции на окото е коњуктивитисот. Затоа е важно да нуркате со затворени очи, а за секој случај дома да имате капки против инфекција. Превентивно, потребно е да ставате „вештачки солзи“ во очите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот