Од 27 септември овие телефони слободно може да ги фрлите, проверете дали вашиот мобилен е на оваа листа

Фото : Unsplash

Нови важни информации во светот на телефоните што може да ве засегаат и вас. Според официјалните информации, многу андроид телефони наскоро нема да имаат функција, па доколку ги имате, значи дека можете да ги фрлите.

Тоа се телефони што Гугл ги претстави уште во декември 2010 година, а последната верзија на овој систем беше произведена во септември 2011 година. Тоа се паметни телефони со оперативен систем Андроид 2.3.7.

 

И на сите нив, од 27 септември оваа година, поддршката практично престанува и повеќе нема да можете да се најавите на вашата сметка на Гугл. И тоа значи дека практично ќе бидете спречени да ги користите скоро сите апликации на вашиот телефон.

Уште поедноставно објаснето, во случај да го користите овој телефон, нема да можете да користите апликации на Гугл на него, како што се Google Maps, Gmail, YouTube, Google Play итн, ниту ќе можете да ажурирате, инсталирате и користите која било друга апликација.

Компанијата објави дека кога ќе се обидете да се најавите на вашата сметка или користите некоја од апликациите на Гугл, можете да очекувате да се појави „системска грешка“ што ќе ве предупреди за грешка во вашето корисничко име и лозинка.

Според официјалната статистика на Гугл, 0,3 проценти од сите телефони со оперативен систем Андроид во светот имаат инсталиран Андроид 2.3.7.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот