Обвинителството бара да се укине ослободителната пресуда за таткото на Вања

Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска иако беше ослободен од страна на првостепениот суд дека не учествувал во помагање при грабнувањето на 14-годишното девојче, сепак се соочува со нова ситуација. За неговата ослободителна пресуда, денеска Јавното обвинителство вложило жалба, информира за „Слободен печат“ адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ.

-За ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски јавното обвинителство, денеска пред крајот на работното време во последниот ден од жалбените рокови, поднесе жалба со која бара укинување на пресудата за Александар. Ќе доставам одговор на жалба со која ќе барам јавна седница на жалбениот совет на Апелациониот суд и очекувам судот во жалбената постапка да ја потврди ослободителната пресуда токму врз основа на наводите на застапникот на обвинението во завршен збор во кој кажа цитирам „ако не прашате дали имаме докази против Александар, немаме“, изјави за „Слободен печат“ адвокатот на Ѓорчевски Владимир Туфегџиќ.

За случајот со убиствата и грабнувањата на 74-годишниот Панче Жежовски и на 14-годишната Вања Ѓорчевска, на доживотен затвор беа осудени Љупчо Палевски викан Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот