Обвинител купувал виагра онлајн, побарал да му биде доставена во канцеларија (ФОТО) – Слободен печат
ВестиРегион

Обвинител купувал виагра онлајн, побарал да му биде доставена во канцеларија (ФОТО)

Обвинителот во коментар испратил телефонски број и адреса за достава

Онлајн страниците, за продажба на разни производи станаа “мета” и на јавните личности, но и на оние кои имаат високи позиции во јавните институции.

Еден јавен коментар на социјалната мрежа Фејсбук пристигнува од обвинителот на Обвинителството во Гњилане, Косово, Есат Адеми, кој нарачува вијагра на страница која продава такви производи.

Тој во коментарот го испратил и телефонскиот број, а за адреса за испорака на нарачката било дадено неговото работно место, кое е Основното обвинителство на Гњилане, јавува Газета Експрес.

Адеми пак за Инсајдери изјавил дека не нарачал вијагра на онлјан страница на Фејсбук.

– Доколку порачував, ќе речев да, сосема е нормално. Но тоа не е вистина, не знам кој напишал ама јас не, како моето име има два-три Фејсбука – рече Адеми.

Gazeta Express
Gazeta Express

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close