Обрнете внимание – Протеините се незаобиколен дел на силниот имунолошки систем

Недоволниот внес на овие важни органски соединенија може да доведе до појава и развој на одредени посериозни заболувања

Кога ќе се спомене зајакнување на имунолошкиот систем, прво што ни паѓа напамет е зголемено внесување на витамин Ц. Па така, луѓето овој витамин го внесуваат или со пиење таблети или преку јадење одредени плодови што во својот состав содржат поголемо количество од овој исклучително важен витамин.

Сепак, покрај витаминот Ц, исто толку важни за одржување на силниот имунитет во телото се протеините и цинкот.

Кога настанува недостиг на протеини во телото

Кога станува збор за протеините, добрата вест е тоа што нивниот недостиг во телото е редок и најчесто се случува кај лица што страдаат од анорексија, од канцер или се претерано слаби. Сепак, понекогаш веганите или луѓето што се хранат со сурова храна, не внесуваат доволно протеини. Освен тоа, во голем дел од растенијата не се наоѓаат комплетни протеини, што значи дека им недостасува најмалку една од деветте есенцијални аминокиселини што се наоѓаат во намирниците од животинско потекло, како месото и јајцата.

Според општите препораки на лекарите, и мажите и жените треба да внесуваат околу 0,8 грама протеини на секој килограм од телесната тежина. Кај оние што постојано тренираат или се физички активни, внесот на протеини треба да ја надминува оваа бројка и тоа на дневна основа.

Обрнете внимание на храната што ја јадете

Иако недостигот на протеини во телото е редок и се појавува само кај одредена група луѓе, тоа во никој случај не смее да ве залаже дека можете да се „опуштите“ и да не внимавате околу тоа колкаво количество протеини внесувате преку исхраната.

Имено, протеините важат за еден вид „градежен материјал“, кои помагаат во градењето на сите клетки и ткива во човечкиот организам.

Недоволниот внес на протеини може трајно да го наруши имунолошкиот систем и да доведе до појава на посериозни заболувања.

Како да знаете дека не внесувате доволно протеини

  1. Косата е оштетена, а ноктите се кршливи

Протеините се клучен дел во косата и во ноктите, па доколку не ги внесувате доволно, ноктите стануваат меки, а влакната склони кон кршење. Косата го губи својот сјај и не е густа како претходно, а доколку недостигот од протеини трае неколку месеци, можно е и да почне да паѓа, бидејќи телото го запира нејзиниот раст за да сочува протеини во телото.

  1. Многу често настинувате

Протеините се задолжени и за создавање антитела, кои во имунолошкиот систем помагаат при борбата против бактериите и вирусите. Доколку не внесувате доволно протеини, го слабеете имунолошкиот систем и ќе настинувате почесто.

  1. Концентрацијата е намалена

Балансираното ниво на шеќер во крвта е многу важно за да останете фокусирани и концентрирани. Кога ви недостасуваат протеини, вашето ниво на гликоза постојано варира.

Храна богата со протеини

За да ги задоволите потребите од внесување протеини, треба да јадете храна во чиј состав има големо количество протеини.

Во препорачаните намирници спаѓаат:

Грашок – во 100 грама грашок има седум грама протеини,

Спанаќ – во  200 грама спанаќ има шест грама протеини,

Компир – во еден компир со средна големина содржани се  три грама протеини,

Брокула – овој здрав зеленчук не е богат само со влакна. Имено, во околу 200 грама брокула има околу четири грама протеини.

Колку протеини се доволни за добро здравје

Потребната количина протеини се менува со годините. Затоа обидете се, во зависност од тоа колку години имате, да внесувате доволно протеини во телото за да бидете здрави и полни со живот.

Новороденчиња: околу 10 грама дневно.

Тинејџери: околу 52 грама дневно.

Тинејџерки: околу 46 грама дневно.

Возрасни мажи: околу 56 грама дневно.

Возрасни жени: околу 46 грама дневно.

Исклучок се трудниците, кај кои потребната количина протеини изнесува до 71 грам дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот