Обожувам да слушам музика додека СЕЧАМ ЛЕШОВИ – ОТКРИЕНО како убијците на новинарот Кашоги спремиле се (ВИДЕО)

Џамал Кашоги/фото:EPA-EFE/ALI HAIDER

Во понеделникот бил објавен вознемирувачки аудио снимки на кои се слуша разговорот на новинарот Џамал Кашоги со припадниците на саудискиот одред на смртта, кои го ликвидирале минатата година во саудискиот конзулат во Истанбул.

Истрагата на Саудиска Арабија за убиството на Кашоги не го откри нарачателот на убиството.

Турскиот весник Сабах пренесе дека последните зборови на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги упатени на неговите убијци биле да не му ја покриваат устата, бидејќи боледува од астма и би можел да се задуши.

Според снимката, член на саудискиот тим вели дека Кашоги мора да биде вратен во Ријад, по налог од Интерпол, пренесува АП.

Исто така се слуша како човекот пробува да го убеди Кашоги да испрати порака за својот син, во која ќе му каже да не се грижи ако не му се јави.

Кашоги, новинар за Вашингтон Пост, кој живеел во егзил во САД, бил во саудискиот конзулат во Истанбул, за да ги добие документите за венчање кои ги планирал, но таму бил убиен и распарчен.

На една снимка се слуша разговорот помеѓу Махер Абдулазиз Мутреб, виши саудиски службеник, телохранителот на саудискиот престолонаследник, Мухамед бин Салман и докторот Салах Мухамед Ал-Тубаиги, главниот човек на Одделението за форензика во саудиската разузнавачка служба, кој се одвивал само 12 минути пред Кашоги да пристигне во конзулатот.

Ова е транскриптот:

Мутреб: Дали е можно телото да го сместиме во торбата?

Ал-Тубаиги: Не. Претешко е. Од секогаш работам со лешови. Знам како треба да се исечат. Иако, никогаш не сум работел со топли трупови, но и со тоа ќе поминам лесно. Обично ставам слушалки на уши и слушам музика кога сечам лешови. За време на постапката турам кафе и пушам. Откако ќе го поделам телото, вие деловите ќе ги ставите во пластични вреќи, ќе ги ставите во куфери и ќе ги изнесете од зградата.

Ал-Тубаиги потоа рекол дека никој од неговите надредени не знае што намерува да направи, како и  тоа дека нема кој да го заштити. На крајот на разговорот, Мутреб прашал дали во конзулатот стигнало „животното кое треба да се жртвува“, по што неидентификуван член на одредот за смрт рекол: „Стигна“.

Ако се суди по снимките и реакциите, Кашоги во конзулатот го дочекало познато лице, по што го одвеле новинарот во една од просториите. Мутреб тогаш му рекол на Кашоги дека мораат да го вратат во Ријад, по налог на Интерпол.

– Овде сме да ве одведеме – рекол Мутреб.

Кашоги возвратил дека против него не се води никаква постапка и дека надвор го чека вереницата. На прашањето дали има телефон во себе, новинарот одговорил дека има два.

Мутреб: Оставете му порака на синот.

Кашоги: Што да му кажам?

Мутреб: Ќе му напишете порака. Ајде пробајте, покажете ни.

Кашоги: Што да напишам – „ќе се видиме наскоро“?

Неидентификуван член на одредот за убиство: Скрати.

Мутреб: Ќе напишеш нешто како: „Во Истанбул сум. Не се грижи ако не успееш да ме контактираш“.

Кашоги: Не би требал да кажам дека сум киднапиран.

Неидентификуван член на одредот за убиство: Извади ја јакната.

Кашоги: Како може нешто вакво да се одвива во конзулатот? Нема ништо да напишам.

Неидентификуван член на одредот за убиство: Скрати.

Кашоги: Нема ништо да напишам.

Мутреб: Напишете господине Џамал. Побрзајте. Помогнете ни за ние да можеме да ви помогнеме на вас, бидејќи на крајот ќе ве одведеме вас назад во Саудиска Арабија, а ако не ни помогнете, знаете што ќе се случи.

Кашоги: Овде има пешкир. Дали ме издрогиравте?

Ал-Тубаиги: Ќе ве заспиеме.

Откако го дрогирале, Кашоги им рекол да не му ја затвораат устата, бидејќи е астматичар.

– Не го правете тоа, ќе се задушам – биле последните зборови на Кашоги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот