Зградата беше тешко оштетена во пожар во 2020 година / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Обновата на изгорената зграда на ИЖС трае двојно подолго од предвиденото – наместо 6.6, досега нè чини 8.7 милиони евра

Сумата е зголемена за околу 32% и тоа е спротивно на законот, кој дозволува максимално надминување од 20%, велат од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)

За реконструкцијата на објектот на Инспекторатот за животна средина во Скопје, кој се запали во 2020 година, потпишани се дури 51 анекс-договор, а обновата чини дополнителни 2.1 милион евра над планираните 6,6 милиони евра со основниот договор. Ова го покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), кој е дел од проектот „Јавен надзор над јавните набавки“, пренесува „СДК.мк“.

Наместо да трае година и половина, колку што било предвидено, реконструкцијата трае речиси три години од склучувањето на договорот.

„Во текот на реконструкцијата, Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и градежната компанија склучиле вкупно 51 анекс на основниот договор, од кои 10 во еден ден. Вредноста на основниот договор со анексите е зголемена за 2,1 милион евра, односно за 32% во однос на првично договорената сума, што е спротивно на Законот за јавни набавки, кој овозможува зголемување од максимум 20%. Во склучените анекси се евидентирани непредвидените работи во текот на градбата и појавените вишоци. Вредноста на основниот договор не е намалувана за кусоците, кои биле евидентирани, но не и пребивани со вишоците“, пишува во извештајот на ЦГК.

Во периодот јануари-јуни 2026, односно само за шест месеци, „Бауер БГ“ треба да изведе 37% од предвидената реконструкција. Претходно, во 26 месеци извел само 63%. Иако договорот предвидува договорни казни во случај на доцнење од страна на изведувачот, СОЗР досега не презела активности за нивна примена со цел заштита на јавните ресурси.

Сиромашната пациентска храна на Клинички центар се плаќа „богато“ – со камата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот