Објавена е збирка со поетски метафори од Марко Трпески

Збирката „Метафора – поглед зад огледалата“ од Марко Трпески е своевиден архетипски алманах и се занимава со вивисекција на аспектите што се кријат зад прагот над потсвеста, а истовремено имаат и симболични манифестации и интерпретации во подрачјето што го нарекуваме човекова реалност.

А токму таа, човековата реалност, е ризница на конечни и бесконечни прашања, прашања чија генеза е длабоко резбана во тотемите на љубовта, смртта и понекое хибридно табу, кои „Метафора“ се труди да ги претстави и да ги илустрира на еден експериментален начин.

Марко Трпески е графички дизајнер, илустратор и визуелен уметник од Скопје. Неколку години е дел од светот на издаваштвото како дизајнер на корици на книги и други визуелни проекти. Неуморен трагач по совршените состојки за создавање визуелни метафори. Човек што верува дека уметноста оди рака под рака со умешноста.

Трпески е уметник што има трајна потреба да ја создаде својата мешавина од реалност. Непоправлив идеалист, кој ужива да си игра со симболи и метафори. „Метафора – поглед зад огледалата“ е неговата прва објавена книга. Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на РСМ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 139, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 30 јули – 2 август 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот