Објавен првиот том од Избрани дела на Горјан Петревски

Фото: Профимедиа

Во издание на „Македонска реч” објавен е првиот том од Избрани дела на Горјан Петревски кој е омилен раскажувач на тинејџерите, но го читаат и возрасните.

Во издание на „Македонска реч” објавен е првиот том од Избрани дела на Горјан Петревски кој е омилен раскажувач на тинејџерите, но го читаат и возрасните.

-Овој проект го опфаќа само романескното творештво и се совпаѓа со седумдесетгодишнината од раѓањето и педесетгодишнината од појавувањето во македонската литература на Горјан Петревски. Во шесте тома ќе најдат место осумнаесет романи кои го одбележаа творештвото на овој автор, а меѓу нив и три нови наслова кои досега не се публикувани. На тој начин се заокружува неговиот богат опус во кој се обработуваат сложени теми од животот, главно, на тинејџерите, но кои ја засегаат и возрасната публика, информираат од Македонска реч.

Првиот том кој излезе од печат кон крајот на минатата е познатата трилогија: „Споменка”, „Спомените за Споменка” и „Сонот со Споменка”, за која во 2006 Горјан Петревски ја доби Наградата „13 Ноември”. Во наредниот временски период постапно ќе се појавуваат и другите романи предвидени во проектот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот