Обидот за евакуација на цивили од Мариупол не успеа

Бегалци од Украина, Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Не успеа и денешниот обид да се организира хуманитарен коридор од Мариупол, а проруските сепаратисти и Украинската национална гарда меѓусебно се обвинуваат за прекршување на привременото примирје.

Телевизијата Украина 24 го прикажа борецот на Националната гарда на Азов, кој рече дека руските и проруските сили кои го опколиле пристанишниот град со околу 400.000 жители продолжиле да ги гранатираат областите кои требаше да бидат безбедни.

Новинската агенција Интерфакс цитираше претставник на сепаратистичката администрација од Доњецк кој ги обвини украинските сили дека не го почитуваат ограничениот прекин на огнот.

Претставник на сепаратистите изјави дека само околу 300 луѓе го напуштиле градот. Украинските власти претходно соопштија дека планираат да евакуираат повеќе од 200.000 луѓе од Мариупол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот