Обединетото Кралство ќе ѝ помогне на Белгија да се заштити од дроновите
Британија ќе ѝ пружи воена поддршка на Белгија после серијата на прелети на дронови врз нејзината територија, за кои постои сомнеж дека се од Русија. Ова го изјави новиот шеф на одбраната Ричард Најтон за Би-Би-Си. Главниот аеродром на Белгија Завантем во четвртокот принудно беше затворен откако дроновите беа забележани во близина. Исто така дронови беа забележани на други локации вклучително и во воена база.
Препорачано
Најтон изјави дека не е потврдено со сигурност дека прелетите се нарачани од Русија, но истакна дека тоа е „возможно“. Во изјава секретарот за одбрана Џон Хилеј изјави – „како што растат хибридните закани, нашата сила лежи во нашите сојузи и нашата колективна одлука да се браниме, да спречуваме и да ја заштитуваме нашата критична инфраструктура и воздушен простор“.
Заедно со НАТО сојузниците тој додаде дека Обединетото Кралство ќе ѝ помогне на Белгија. Во петокот германското министерство за обрана изјави дека ќе ја поддржи Белгија со анти-дрон мерки на барање на Брисел.
Околу 3 илјади патници на бриселскиот авио-сообраќај беа афектирани од прекинот, а авио-компаниите претрпеа материјални штети заради пренасочување десетици летови.


