Обединетите нации бараат истрага за масовните гробници во Газа

фото: МИА

Отатко Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти дека повеќе од 300 тела биле пронајдени закопани во дворот на болницата Насер во Кан Јунис, Обединетите нации повикуваат на „јасна, транспарентна и веродостојна истрага“.

Портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права, Равина Шамдасани, побара покренување независна и транспарентна истрага за жртвите, велејќи дека „со оглед на климата на неказнивост што преовладува, треба да се вклучат меѓународни истражители“, јави Ал Џезира.

Кредибилни истражители мора да имаат пристап до локациите, изјави портпаролот на ОН Стефан Дизарик, додавајќи дека повеќе новинари мора да можат безбедно да работат во Газа за да ги соопштат фактите.

Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк вчера изјави дека е „згрозен“ од уништувањето на болниците Насер во јужниот град Кан Јунис и Ал Шифа во Газа и извештаите за откриени масовни гробници, пренесе МИА.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател ги опиша извештаите за масовни гробници во болниците во Газа како „неверојатно вознемирувачки“ и истакна дека американските власти побарале информации од израелската влада.

На новинарско прашање дали верува дека израелската влада е „веродостоен извор“ на информации за масовните гробници, Пател одговори потврдно.

Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти дека повеќе од 300 тела биле пронајдени закопани во дворот на болницата Насер во Кан Јунис, откако израелските сили се повлекле од објектот минатата недела.

– Очигледно, сцените со масовни гробници генерално се длабоко вознемирувачки, но немам ништо што би можело да ја потврди нивната вистинитост, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот