Нуров во МОК, бронзата од СП е најава за успех и на Олимписките игри

фото: МОК

Денес, во просториите на МОК, претседателот д-р Васил Тупурковски му го честиташе бронзениот медал на Магомедгаџи Нуров и на неговиот личен тренер Могамед Ибрагимов, освоен на светското првенство во борење.

Претседателот Тупурковски посебно им се заблагодари на Могамед Ибрагимов (освојувач на бронзениот медал од Олимписките игри во Сиднеј-2000 година) и поранешниот претседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Чедо Николовски, кои заедно со МОК уште во 2015 година направија стратегија во која една од целите беше натурализација на Нуров, Егоров и Аскарбиев за да освојат олимписка норма за ОИ Рио 2016 и ОИ Токио 2020. Тој потенцира дека, сега кога целта е остварена, Македонскиот олимписки комитет, во соработка со сите засегнати институции во државата треба да направат се за да обезбедат најдобри можни услови за што подобро да го подготвиме нашиот олимпијец за што поуспешно учество на ОИ Токио 2020.

Нуров се заблагодари на довербата и помоштта која ја добиваше од МОК во овој период и верува дека во периодот кој следи одлично ќе се подготви и дека ќе постигне висок спортски резултат на ОИ Токио 2020. Неговиот личен тренер Ибрагимов, се заблагодари на МОК за целата досегашна поддршка и верува дека тој и Нуров ќе направат се за што подобро да ја претстават нашата држава на ОИ Токио 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот