Нуно Еспирито Санто се врати во Премиер лигата

Фото: Nottingham Forest

Фудбалскиот клуб Нотингем Форест потврди дека Нуно Еспирто Санто е наследникот на Стив Купер кој доби отказ поради лошите резултати.

Португалскиот стратег зад себе има искуство во Премиер лигата каде што претходно ги водеше Вулверхемптон и Тотенхем.

Во неговата последна сезона со Вулвс каде што остави подлабока трага успеа да го обезбеди седмото место на овој. Сепак преминувањето во Тотенхем се покажа како преголем залак па се задржа само четири месеци.

По епизодата во Тотенхем се пресел иво Саудиска Арабија на клупата на Ал Итихад, но и таму не се задржа долго и доби отказ по конфликтот со Карим Бензема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот