Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW 

„Њујорк тајмс”: Трамп со сопругата и синот однесени во бункер по закана од протести околу Белата куќа (ВИДЕО)

Претседателот Доналд Трамп во петокот вечерта бил однесен во бункер под Белата куќа, откако демонстрациите напредувале кон неа и се појавила закана за неговата безбедност, дозна синоќа „Њујорк тајмс”.

Толпа луѓе протестира пред Белата куќа во Вашингтон / 31 мај 2020, САД / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Повикувајќи се на искази од лице од обезбедувањето и официјално лице, весникот дозна дека Трамп во бункерот се наоѓал нешто помалку од еден час и потоа бил повторно качен на катот.

Според изворите, со претседателот на безбедно биле поместени и првата дама Меланија Трамп и нивниот син Барон.

Инаку, синоќа во Вашингтон мина и третата ноќ протести поради бруталното минатонедлно убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, за време на полициско задржување. Сцената на задржувањето и последните знаци на живот на Флојд беа фатени на камера, иако минувачите и лицата кои снимаа укажуваа дека човекот не дише, полицаецот се уште го држешеш коленото на неговиот врат.

31 мај 2020, Ваншингтон, САД / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW EPA-EFE

Ова поведение на полицијата предизвика гневни реакции низ цела Америка, ги разгори духовите на расизмот на белите претставници насочен кон афроамериканското население во САД, состојба што по се изгледа не е променета со децении. „Црната” заедница во САД е гневна, излезе на улиците во десетици американски градови со немири, протести и вандализирање поради самоволието на униформираните лица и убиството на Флојд, се прават и грабежи и палежи.

31 мај 2020, Ваншингтон, САД / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW EPA-EFE

Во Вашингтон синоќа, илјадници демонстранти се собраа на два блока од Белата куќа, во паркот Лафајет, каде имаше неколку запалени огнови, а некои бутици и продавници во овој бизнис и елитен дел на градот беа ограбени.

31 мај 2020, Ваншингтон, САД / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Полицијата се обидуваше да ги оттурне протестантите надвор од паркот и подалеку од Белата куќа со употреба на солзавец.

Гневните протестанти, на пример го уништија познатиот моден бутик Монклер. 

Прочитајте:

ОГАН И ГНЕВ ШИРУМ САД: Конфликти на демонстрантите и полицијата, голем број на повредени (ВИДЕО)

Скандал во САД, НБА шампион претепал момче за време на протестите (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот