Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW 

ОГАН И ГНЕВ ШИРУМ САД: Конфликти на демонстрантите и полицијата, голем број на повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Националната гарда објави дека распоредила 5.000 свои припадници во повеќе од 15 сојузни држави, како и во главниот град Вашингтон, каде што повторно имаше собири пред Белата куќа, но и палежи.

Минатата ноќ во САД повторно ја одбележаа протестите против полициска бруталност, кои уследија по смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд минатиот понеделник во Минеаполис додека бил приведуван од полицијата.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Полициски час беше воведен во речиси 40 градови, но главно не се почитуваше од демонстрантите, што доведе до тензични соочувања со полицијата.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Таа се судри со демонстрантите во Лос Анџелес, Чикаго, Њујорк и Филаделфија, при што користеше солзавец и гумени куршуми.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Националната гарда објави дека распоредила 5.000 свои припадници во повеќе од 15 сојузни држави, како и во главниот град Вашингтон, каде што повторно имаше собири пред Белата куќа, но и палежи.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Полицаецот Дерек Човин, кој му нанесе смртоносни повреди на Флојд, денеска првпат треба да се појави во суд под обвинение за убиство.

Њујорк, САД / 31 мај 2020 / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Илјадници демонстранти предизвикаа хаос на улиците на Њујорк и за момент го затворија мостот Менхетн.

Њујорк, САД / 31 мај 2020 / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Полицијата соопшти дека меѓу уапсените е и 25-годишната ќерка на градоначалникот Бил де Блазио.

Прочитајте:

„Њујорк тајмс”: Трамп со сопругата и синот однесени во бункер по закана од протести околу Белата куќа (ВИДЕО)

Скандал во САД, НБА шампион претепал момче за време на протестите (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот