Њујорк тајмс: Саудиските оперативци кои го убиле Кашоги биле на обука во САД

Џамал Кашоги/фото:EPA-EFE/ALI HAIDER

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на Вашингтон пост во 2018 година, Џамал Хашоги, поминале паравоена обука во САД според договор одобрен од Стејт департментот, објави Њујорк тајмс.

Обуката се одржала од безбедносната компанија со седиште во Арканзас, Група Тиер 1, што е во сопственост на приватната компанија Серберус Капитал Менаџмент, со одбранбена природа и со цел – заштиа на саудиските лидери, наведува весникот.

Новинарот на „Вашингтон пост”, Џамал Хашоги, беше убиен во комплексот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, на 2 октомври 2018 година, кога отиде во конзулатот да ги добие документите потребни за брак, а неговите останки никогаш не беа пронајдени.

Турција ги обвини саудиските власти за убиството на новинарот, но тие негираат дека политичкиот врв бил вклучен во овој ужасен настан.

Ријад првично го негираше убиството, а потоа тврдеше дека тоа го извршиле саудиски агенти кои дејствувале самостојно. Според саудиските власти, станува збор за „одметничка операција”. За убиството обвинија дваесетина одметнати пониски офицери, од кои пет беа осудени на смрт по едногодишно судење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот