Новото Скопје се темели на пријателство и нови модерни ветришта, вели Данела Арсовска

Данела Арсовска / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

„Верувам дека темелите на новото Скопје беа темели на солидарност и соживот, а новото Скопје се темели на пријателство и нови модерни ветришта, порача вечерва скопската градоначалничка Данела Арсовска на отворањето на изложбата насловена „За Скопје со срце од целиот свет“.

„Денеска се сеќаваме на катастрофалниот земјоторес, кој токму на овој ден го спомнуваме и сакаме да го посветиме на над 1000 загинати и над 1000 повредени наши сограѓани кои беа жртви, а беше причинета и голема материјална штета како резултат од големиот земјотрес“, рече Арсовска.

Изложбата во Младинскиот културен центар (МКЦ) е дел од одбележувањето на 59-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот