Ново рочиште за „Друмарина”

Фото: Слободен печат

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Друмарина”, во кој поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, се сомничи за измама со фискални сметки од патарина, што го чинело Собранието околу 100.000 евра.

Бонева најави дека со 7.000 докази ќе докаже дека не давала лажни фискални сметки од патарини и оти не е рекордер по патни трошоци.

Судењето во овој случај го води судијата Марин Станевски, а обвинението е застапено од обвинител Артан Ајро.

На денешното рочиште предвидено е да сведочат едно вешто лице и тројца сведоци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот