Ново истражување: Депресијата може да биде директна причина за дијабетес тип 2

дијабетес
Фото: Профимедиа

Новото генетско истражување на британските научници покажа дека депресијата може да биде директна причина за развој на дијабетес тип 2.

Во светот од дијабетес боледуваат 422 милиони луѓе, а меѓу нив 95 отсто имаат дијабетес тип 2.

Научниците и претходно знаеле дека пациентите со дијабетес тип 2 имаат двојно поголема веројатност да развијат депресија во споредба со оние кои не страдаат од оваа болест.

Но, не беше целосно разјаснето дали депресијата предизвикува дијабетес или обратно.

Затоа, во ова истражување користеле статистички метод, Менделова рандомизација, за да ги анализираат генетските и здравствените податоци.

Тие за првпат откриле дека депресијата директно го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2, но не и обратно.

Тие, исто така, откриле дека постојат седум варијанти на гени кои придонесуваат за развојот и на дијабетес тип 2 и депресија.

Станува збор за вообичаени гени кои играат важна улога во производството на инсулин или воспаленија на мозокот, панкреасот или масното ткиво, а промените во овие биолошки процеси потенцијално објаснуваат како депресијата влијае на дијабетесот.

Иако не е пронајдена директна причина што укажува на тоа дека дијабетесот предизвикува депресија, експертите сепак веруваат дека товарот на животот со дијабетес тип 2 може да биде одлучувачки фактор во развојот на депресијата.

„Оваа исклучително важна студија ни дава нови сознанија за врските помеѓу генетиката, дијабетесот тип 2 и депресијата“, рекла Елизабет Робертсон, директорка на истражување во Дијабет Британија, што е откриено откако научниците испитале генетски податоци на стотици илјади жители на Англија и Финска.

Се покажало дека меѓу 19.344 учесници во студијата кои страдаат од дијабетес тип 2, 5.000 од нив имале потврдена дијагноза на депресија, а 153.000 од нив пријавиле повеќе симптоми на болеста.

„Овие наоди би можеле да им помогнат на здравствените работници да ја подобрат грижата и поддршката за депресивните луѓе и да спречат развој на повеќе случаи на дијабетес тип 2“, рекла Робертсон.

Студијата беше објавена во списанието „Дијабетис кер“ „Diabetes Care“ и откри дека и прекумерната телесна тежина и дебелината играат улога во развојот на дијабетес, а кај 36,5 отсто од анкетираните постои директна врска.

Со оглед на тоа што во истражувањето авторите ги поврзале депресијата, дијабетесот тип 2 и дебелината, рекле дека се надеваат дека нивната работа ќе ги поттикне лекарите почесто да испраќаат пациенти на кои им е дијагностицирана депресија на тестови за откривање на дијабетес тип 2 и други слични здравствени состојби.

Генетските истражувања се важни за да се идентификуваат геномските фактори присутни во популацијата што доведуваат до болеста.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот