Ново истражување: Дали паровите со деца се посреќни од паровите кои немаат деца?

родители
unsplash

Интуитивно, многу луѓе на ова прашање би одговориле со „да“, но научните студии сугерираат дека реалноста е дефинитивно покомплицирана од оваа едноставна претпоставка.

Една нова студија, објавена во „Journal of Population Economics“, ги анализирала податоците од истражувањето спроведено на повеќе од милион луѓе во текот на 11 години. Целта на истражувањето била да се идентификуваат факторите кои влијаат на тоа како децата влијаат на благосостојбата на родителите.

Првата анализа, во која не биле земени предвид дополнителни фактори, откри дека паровите со деца биле помалку среќни и задоволни од оние без деца.

unsplash

Како може да се објасни ова контраинтуитивно откритие?

За да дознаат, научниците продолжиле да ја анализираат базата на податоци. Тие прво ги вклучиле приходите на домаќинствата, образложувајќи дека децата се „скапи“.

Во посиромашните семејства, овој финансиски притисок може да ја намали среќата. Сепак, приходите на домаќинствата можеби не се добар показател за финансискиот стрес. Семејство со ниски примања што живее во област со ниски трошоци за живот може да доживее помал финансиски стрес отколку семејство со повисок приход што живее во област со многу повисоки трошоци за живот.

Затоа, истражувачите спровеле дополнителна анализа каде следеле дали семејството имало потешкотии во плаќањето сметки во последната година. Оваа анализа покажала дека тешкотиите во плаќањето на сметките се централен фактор што влијае на ваквиот однос на задоволство на двојките со и без деца.unsplash

Истражувачите во нивните анализи исто така, ја вклучите возраста на децата и така забележале уште едно интересно откритие.

Додека помалите деца биле поврзани со поголем степен на благосостојба кај родителите, оваа врска била послаба со деца во тинејџерски години, веројатно одразувајќи ги зголемените конфликти помеѓу родителите и децата на таа возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот