Ново истражување: Аутопсиите покажаа нешто неочекувано! Сега знаеме зошто респираторите не им помагаат на некои од пациентите

Откако три недели помина на одделението за интензивна нега на кое се лечел од ковид – 19, на американскиот глумец Ник Кородер (41) мораа да му ја ампутираат ногата. Циркулацијата ја успорил тромб – ова е уште една опасна компликација од болеста која го зафати цел свет.

Тромбот од различни причини е честа компликација меѓу болните на интензивна нега, но нивната зачестеност е поголема кај лицата кои се лечат од ковид – 19, повеќе отколку што се очекувало.

  • На одделението на болницата во која работам имам четириесетгодишници со згрутчување на крвта во прстите, а нема никаква причина за тоа освен вирусот. Еден од нив во моментов има големи проблеми со дотокот на крв во двете нозе и во рацете и веројатно ќе мора да извршиме ампутација, вели Шери Брошахан, докторка на интензивна нега во њујоршката болница Лангон.

Крвните згрутчувања не се опасни само за екстремитетите, тие може да дојдат и до белите дробови, срцето или во мозокот, што пак може да резултира со смртоносна емболија или срцев и мозочен удар.

Во неодамнешна студија во Холандија стои дека кај 31 од 184 пациенти вклучени во истражувањето се појавиле компликации со згрутчување на крвта, што пак е исклучително висок процент.

Бехнуд Бикдели, доктор во њујоршка болница, собрал меѓународен тим од експерти со цел да го проучат овој проблем. Нивното откритие го објавиле во списанието „Journal of The American College of Cardiology”.

Тие заклучиле дека ризикот од појава на згрутчување на крвта е толку голем што пациентите кои се лекуваат од ковид – 19 би требало да добиваат лекови за разредување на крвта.

Постојат неколку можни причини поради кои настанува ваквата состојба. Пациентите со потежок облик на заболување често се со претходно хронично заболување, како болест на срцето или белите дробови. Тие сами по себе се поврзани со повисок ризик од развој на тромбоза.

И самиот престoј на одделението за интензивна нега го зголемува ризикот, бидејќи таму пациентите подолго време лежат, што пак е една од причините за развој на тромбови.

Коронавирусот е поврзан и со невообичаена реакција на имунолошкиот систем која се нарекува „цитокинска бура“, а некои истражувања упатуваат на тоа дека овој феномен е поврзан со зголемена стапка на создавање тромбови.

Можно е на згрутчувањето на крвта да влијае и нешто што е поврзано со самиот вирус, што лекарите не го забележале претходно кој некои други вирусни заболувања.

Научниот труд објавен минатата недела во Ланцет покажа дека вирусот може да се претвори во епител, ткиво кое ги обложува органите и крвните садови, што во теорија би можело да влијае и врз процесот на згрутчување на крвта.

Микротромбови

Иако антикоагулансите, како хепаринот, кај некои пациенти делуваат, кај други не се делотворни бидејќи згрутчувањата се премногу мали, појаснува Броснахан.

– Микротромбовите ги има премногу и не знаеме точно каде се наоѓаат. Аутопсиите покажаа дека белодробието кај некои од пациентите содржи стотици микротромбови, објаснува таа.

Меѓутоа, појавата на новата загатка реши една од постарите. Сесилија Мирант – Борд, докторка од воени ветерани на Менхетен, вели дека белодробието полно со микротромбови е одговор на прашањето зошто кај некои од пациентите не помагаат респираторите.

На почетокот од пандемијата лекарите пациентите ги лечеа според протоколот за акутен респираторен дистрес синдром, познат и како „водени бели дробови“.

Причината за неефикасноста на респираторите во некои од случаите не бола поради полнење со вода на белите дробови, туку со микротромбови кои ја блокирале циркулацијата, па крвта го напуштала белодробието со помалку кислород отколку што е тоа вообичаено.

И по пет месеци откако се појави вирусот во Вухан, докторите секојдневно откриваат нови работи поврзани со него.

– Иако сме изненадени од ова откритие, сепак не би требало тоа да не збуни. Вирусите се непредвидливи, додава Броснахан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот