Новите правила ќе важат на терен кога ќе продолжи Премиерлигата

фото: твитер

На 11 мај премиерлигашките клубови ќе гласаат за проектот „Рестарт“ кој би можел да ги врати натпреварите пред ТВ екраните.

Следниот понеделник би можела да биде позната судбината во најсилното англиско првенство, а дотогаш британските медиуми се занимаваат со правила кои ќе важат за играчите и клубовите во случај на продолжување на сезоната.

На 11 мај премиерлигашките клубови ќе гласаат за проектот „Рестарт“ кој би можел да ги врати натпреварите пред ТВ екраните.

Јасно е дека бројни промени на однесување се очекува да бидат спроведени со цел играчите да бидат што побезбедени доколку дојде до продолжување на сезоната која според најавите ќе заврши пред празни трибини.

Една од тие промени веќе видовме и пред да бидат прекинати натпреварувањата, а тоа е забрането ракување.

Потоа според „Телеграф“, нема да им биде дозволено на играчите да се прегрнуваат после реализиран гол. Истиот извор вели дека тоа би траело дури една година.

Нема да се разменуваат дресови како што вообичаено гледаме после натпреварите, ќе се внимава кој од која чаша пие вода, како и строго забрането ќе биде плукање и дување нос. А можна е и забрана за плукање во текот на тренинзите.

Не се знае на кој начин ќе се реагираа доколку фудбалерите не ги почитуваат новите правила на теренот,  според „Телеграф“ казната би можела да биде жолт картон.

Во четврток се очекува британскиот премиер Борис Џонсон да ја информира јавноста за новите мерки во Обединетото кралство и поради тоа гласањето за проектот „Рестарт“ е одложено за понеделник. Се очекува клубовите да одлучат во корист на враќање на терените, така што тренинзите би започнале од 18 мај, а натпреварите од 8 јуни.

До крајот на сезоната 2019/2020 во Премиер лигата останаа да се одиграат уште 92 мечеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот