Фото: KF Besa

Новиот прволигаш Беса претстави три засилувања во еден ден

Екипата на Беса која сезонава обезбеди пласман во прволигашка конкуренција денеска претстави три засилувања најзвучно име е голманот кој остави длабока трага во Шкендија, Константин Захов, а пристигнаа уште Меџит Незири и Горан Силјановски.

Захов во минатата сезона го бранеше голот на Воска Спорт од каде што во последниот период си заминаа неколку фудбалери и изгледа како да се случува вистински егзодус во клубот.

Захов не успеа да се договори со охридскиот клуб и ќе ја продолжи кариерата во Добридол.

Покрај Воска, Захов во кариерата бранеше уште за Шкендија, Брегалница, Турново, Вардар и Беласица. Успеа да запише и еден настап за македонската фудбалска репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот