Новиот Бетмен ќе биде многу поразличен од претходните филмови

Instagram

Новата верзија на Бетмен со актерот Роберт Патинсон во улога на Брус Вејн, ветува дека многу ќе се разликува од претходните филмови. Бетмен ќе го следи помладиот Брус Вејн (во споредна со претходните верзии), кој сè уште е во рана фаза на своето детективско патување.

Instagram
Instagram

Бетмен ќе наиде на многу негативци како што е Селина Кајл „жена – мачка“ која ќе ја толкува актерката Зои Кравиц, Кармин Фалконе позади чиј лик стои Тон Туртуро, Освалд Коблотпот – пингвин во улога на Колин Фарел и Едвард Наштон кој ќе го толкува Пол Дано.

Тизерот што беше пуштен во јавноста беше доволен за да ѝ навести на публиката дека Бетмен ќе се разликува од претходните филмови.

Instagram
Instagram

Бетмен на филмското платно дебатираше во 40-тите години на минатиот век благодарение на два сериски филма насловени како „Бетмен“ и „Бетмен и Робин“. Но, се смета дека историјата на Бетмен во филмската индустрија започна во 1966 година со „Batman: The Movie“, адаптација на тв серијата со Адам Вест и Барт Вард.

Секој Бетмен има свој стил, кој не зависи само од актерот, туку и од годината кога е снимен филмот, кој е режисерот и секако новите примеси во приказната.

Instagram
Instagram

Роберт Патинсон во улога на Брус Вејн ќе биде помлада верзија од претходните, тој нема да биде почетник но нема да биде ниту многу искусен херој од стриповите. Исто така повеќе ќе се фокусира на детективската страна на ликот. Поради ова, многу е мала веројатноста дека новиот Бетмен ќе има комични тонови како верзиите на Вест и Клуни, иако тоа не значи дека ќе му недостасува смисла на хумор.

Пред да се појави првиот тизер за новиот филм, обожавателите беа загрижени дека филмот ќе има премногу негативци, што претходно се покажа како многу лоша одлука што може да ја уништи примарната идеја на филмот. Но, она што никој не го предвидуваше е тоа што во овој филм, Бетмен нема да ги убива своите непријатели!

Instagram
Instagram

Централната тема ќе биде корупцијата, главниот лик нема да учествува во смртта на другите ликови со цел, како што изјави режисерот, подобро да се отсликаат основните вредности на култниот лик.

Премиерата е закажана за 4 март, 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот