Нови повици за бојкот, акцијата ќе се вика „Црн петок“
Деновиве на социјалните мрежи се шират нови повици за бојкот на маркетите и овој петок. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од купување, а акцијата е наречена „Црн петок“ за маркетите. Во исто време, кружи и повик за специфичен бојкот на „Тинекс“ и „Веро“, при што граѓаните се охрабруваат да не купуваат во продавниците на овие трговски ланци.
Препорачано
Минатонеделниот бојкот поради високите цени покажа сериозен ефект – според УЈП, на 31 јануари 2025 година, прометот во осумте најголеми ланци на маркети бил речиси преполовен – паднал за 46,59% во споредба со претходниот петок. Дел од граѓаните, сепак, своите набавки ги направиле следниот ден – во саботата прометот во тие осум за 11,3% во саботата.
Бојкотот на македонските маркети поуспешен и од хрватскиот – прометот речиси преполовен
Саботниот промет во маркетите бил поголем за 11,3 проценти во однос на претходната сабота
Првиот бојкот, организиран од граѓаните, се одвиваше под слоганот „Попусто попусти кога цените се исти“ и доби широка поддршка од јавноста, политичките партии и Владата.
Синдикалниот лидер Слободан Трендафилов минатата недела ги повика граѓаните да избегнат „двојно или тројно трошење во четврток и сабота“ за да спречат трговците да ги надоместат загубите.
Оваа иницијатива потекна од Хрватска, каде граѓаните со масовен бојкот оставија празни каси во маркетите. Таму сега е во тек и седумдневен бојкот на одредени трговски синџири поради високите цени во споредба со останатите земји од ЕУ. Акцијата во меѓувреме се прошири во повеќето земји од регионот.


