Нови мерки во Германија: Невакцинираните кои ќе работат од дома нема да земаат плата

Вакцинирање во Келн, Германија/ Фото EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Германските здравствени власти планираат нови мерки според кои невакцинираните работници нема да добијат надомест на плата, доколку мерките на коронавирусот ги принудат на карантин.

Новите правила ги подготвува германското министерство за здравство, и треба да стапат во сила најдоцна на 11-ти октомври, пренесува Ројтерс.

Овие нови правила ќе влијаат на луѓето кои се позитивни на коронавирусот, како и оние што се враќаат од патувања од земји означени со „висок ризик“, кои сега ги вклучуваат Велика Британија, Турција и делови од Франција.

Невакцинираните патници од такви земји мора да бидат ставени во карантин најмалку пет дена, а оние што се вакцинирани или неодамна се опоравиле од вирусот нема да мораат да бидат во карантин.

Потсетуваме дека владата на Италија, исто така, ги донесе едни од најстрогите ковид мерки во светот, бидејќи ги обврза сите работници во јавниот и приватниот сектор да имаат сертификат за вакцинација, негативен тест или потврда дека неодамна се опоравиле од ковид-19.

Одлуката стапува на сила на 15-та октомври, а целта е да се убедат луѓето дека треба да се вакцинираат за да се намали бројот на новозаразени во една од најпогодените земји од пандемијата.

Исто така, во Словенија, државните службеници повеќе нема да можат да работат со негативен ковид тест, туку ќе им бидат потребни сертификати за вакцинација. Во Франција, невакцинираните здравствени работници беа суспендирани и тие не земаа плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот