Фото: PickPik.com

Детали од хоророт во Скопје: Насилникот ја силувал пријателката, ѝ се јавил на сопругата да гледа и барал кокаин

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против неготинец кој живее во Германија. Тој е осомничен за силување и уцена.

„Осомничениот 29-годишник, на 2 декември, заедно со неговата сопруга и уште една пријателка, излегле во ресторан во Скопје. Таму пиел алкохол и консумирал дрога, па бидејќи по вербална расправија неговата сопруга заминала сама, тој се понудил да ја врати дома пријателката. Но, наместо кон нејзиниот дом, цела ноќ ја возел на различни локации во Скопје, обидувајќи се да ја принуди на сексуални односи. Жената не се согласувала, меѓутоа тој ѝ се заканил дека ќе ја убие и ја присилил да влезе во апартман во Центар. Таму со физичка сила и закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот настан го снимал“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Додека биле во апартманот, тој се јавувал со видеоповик кај сопругата и кај други луѓе и барал од нив да му донесат кокаин за да не ја убие жената.

„Три дена подоцна, осомничениот ѝ го пратил видеоклипот со експлицитна содржина на оштетената со закани дека ќе го објави секаде ако не му даде 2.500 евра. Жртвата ги пријавила уцените, по што било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Откако ги презел парите од жената, осомничениот веднаш бил приведен“, информираат од Обвинителството.

Осомничениот силувач и уценувач е во притвор.

Ја присилувал на секс, ја снимал, а потоа и барал пари – уапсен неготинчанец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот